Што вистински ги привлекува мажите?

Ако се прашувате која е тајната, што е она што ги привлекува мажите, можеби го имаме одговорот.

Photo by Ben White on Unsplash

Љубов и почит кон себеси

Жената која се сака и почитува себеси е неодолива за мажите. Оваа особина покажува дека таа жена знае точно што сака и нема проблем себеси да се стави на прво место кога тоа е потребно. Таа сака да биде сакана и да биде во врска, но умее да биде и сама.

Смисла за хумор

Мажите сакаат жени кои имаат одлична смисла за хумор, кои се оптимистични и насмеани. Тие знаат дека жената со добра смисла за хумор е опуштена и секогаш подготвена да ги помине предизвиците.

Младешки дух

Тие сакаат личност која е весела и оптимистична и која во себе има младо срце и љубопитен ум. Ова нема врска со изгледот, телото или брчките. Жените кои се неодоливи за мажите имаат разигран дух.

Ранливост

Мажите сакаат емотивни жени кои знаат да ги покажат своите емоции, но и кои истовремено можат да ги „натераат“ и тие самите да бидат ранливи. Тоа не значи дека жената треба да биде како ранета птица која секогаш ќе се потпира на него, туку личност која умее отворено да ги покаже своите емоции.