Во љубовните врски, зборовите се моќно средство, па мораме да бидеме внимателни со нив. Кога отровните зборови ги заменуваме со љубовни изјави, тоа позитивно влијае на нашето здравје, врска и емотивна состојба. Многумина жени се прашуваат што сакаат мажите да слушаат во една врска, освен се разбира „Те сакам“ и други љубовни изјави.
И мажите сакаат да слушнат поддршка, утеха, да добијат чувство дека некој ги сака и дека е покрај нив. Затоа во врска никогаш не треба да заборавите на зборовите на поддршка како: „Сè ќе биде во ред, „Ние заедно ќе го решиме тоа“, „Покрај тебе сум без оглед на тоа што се случува“.
Кога ќе налета бурата и лошото расположение, често се фокусираме на негативноста од другата страна. Во такви ситуации често кажуваме зборови што ги повредуваат другите. Наместо тоа, да се потрудиме да кажеме: „Знам дека ќе успееш“, „Ми значи твојата поддршка и помош“. Кога партнерот добива убави зборови наместо лоши, добива чувство дека функционирате како тим.
Зборовите на поддршка и пофалби можат да имаат посилно влијание и од љубовните фрази. Тие веднаш предизвикуваат насмевка и покажуваат дека сте тука еден за друг. Секако, важно е обете страни меѓусебно да се поддржуваат, мотивираат и да се сакаат со иста мера.
Експертите велат дека мажите сакаат да зборуваат за заеднички планови. Разговор за плановите порачува дека сакате и гледате иднина со него и дава чувство на сигурност. Укажува на тоа дека верувате во вашата врска и дека сте посветени на заедничките цели.
Зборовите кои најмногу треба да ги избегнувате се секако лагите. Наместо комуникација за време на кавгата, зборувајте и кога ви е добро за вашата среќа, покажете си едни на други колку сте благодарни што сте се сретнале, а со дела ќе покажете повеќе од секое изговорено „Те сакам“.