Што би било кога би било: 4 чекори кои ќе ви помогнат да ги заборавите своите бивши

Времето минува, а вие сè уште размислувате за некоја посебна личност од вашето минато?

Photo by Kelly Sikkema on Unsplash

Ништо не може да ја упропасти нашата среќа до таа мера како постојаното навраќање на минатото. Среќните врски се оние кои се развиваат, во кои ни е убаво и во кои не се чувствуваме како постојано да сме заглавени. Но, не можете да се фокусирате на сегашноста и да изградите квалитетна врска, ако постојано се навраќате назад и се прашувате што би било кога би било.

Во книгите често читаме дека подобро е да сакаме некого и да ја изгубиме таа личност, отколку никогаш да не се препуштиме на љубовта. Тоа е вистина. Но, кога сакаме и ќе изгубиме одредена личност, важно е да ја научиме лекцијата која доаѓа со таквото искуство. Тоа е дека некои работи се завршени и не можеме да се вратиме назад.

Ова се неколку чекори кои ќе ви помогнат во тоа.

Прекинете го контактот.

Како би можеле да заборавите некого ако постојано одржувате контакт со таа личност. Не е важно колку сакате да го слушнете нивниот глас или да им посакате среќен роденден. Она што е важно е дека некои работи и луѓе припаѓаат во минатото и таму треба да останат. Но, за тоа треба да направите свесна одлука. Потрудете се да се држите до даденото ветување на себеси. Фокусирајте се на луѓе во чие друштво уживате.

Бидете реални

Наместо да се навраќате наназад со чувство на носталгија и да ги гледате работите низ розови наочари, направете напор да бидете реални за она што се случило. Не е важно чија е вината, она што е важно е дека врските во кои не постои еднаков влог, едноставно не успеваат. Не морате да навлегувате во сите најмали детали и да правите анализа, она што е неопходно е да сфатите дека ништо не било толку совршено како што тоа сега изгледа во вашата глава. Немојте да мислите дека нешто би можело да биде поинаку бидејќи ако можело, ќе било.

Дозволете си да чувствувате

Соочете се со сите емоции кои ви надоаѓаат. Ако ви е потребно, напишете ги оние работи кои не сте успеале да ги кажете. Но, не ги туркајте работите „под тепих“. Ако ви била важна таа личност, без оглед на тоа што се случило, заслужувате да си дадете шанса да поминете низ сите емоции кои се поврзани со губењето на таа личност.

Простете

Можеби ви се немаат извинето, но тоа не е важно. Простете им, не заради нив, туку заради вас. Простувањето ни дава ослободувачко чувство, кое ни е важно за да продолжиме напред. Тоа што ќе им простите не значи дека го одобрувате тоа што се случило, туку едноставно дека го прифаќате минатото такво какво што е и сте подготвени да го затворите тоа поглавје од својот живот.

Некои искуства ни носат големи лекции, а некои пак  низ мали нешта нè учат дека некои работи се случуваат така како што се случуваат и на нас останува да го изживееме тоа искуство и да созрееме низ него.