Шок на Гинекологија, му скршиле рака на бебе па им криеле на родителите

Вистинска драма се одвивала вчера на “Клиниката за Гинекологија и акушерство“. Имено раката на штотуку родено бебе му била скршена од неразјаснети околности при што таквите информации биле криени од родителите пренсува порталот “Скопје1“. Во изјава Директорката на клиниката Викторија Јованоска вели дека неоткривањето на таков вид на информации е стандардна процедура и од тие причини на мајката не и било дозволено да си го види бебето.

- „Кога отидов за првото бебе, видов дека се вознемирени педијатрите затоа што бебето имаше оток на раката. Не можеле да превидат дека има фрактура на надлактица, бидејќи не може секое бебе на рендген да се носи. Ризикот од фрактура на таква положба (било попречно поставено, а претходно карлично) – јас сега им се јавив. Кога треба да се извади бебето на царски рез, ставаат (н.з.) и излегува раката. Сега не може за рака да го влечат. Секако мора да ја вратат раката назад, а родилката и претходно била со царски рез, имала повеќе можни ризици – тоа се случува. Сега, не се случува често но тоа е предивдена компликација со таква положба дека може да настане фрактура“ вели Јовановска 

Околу можноста и загриженоста дека од клиниката не споделуваат информации и поттикнуваат недоверба директорката Јовановска вели дека Клиниката се придржува до сите протоколи. Информациите според неа се споделуваат со родителите откако ќе се заврши темелната проценка.

- „Детето првично немало оток. Мислеле дека е мускулна пареза, а кога се појавил оток веднаш била направена рендгенска снимка“, открива директорката Јовановска. Таа ја оправдува одлуката да не се известат родителите веднаш, наведувајќи ја потребата да се избегне предизвикување непотребна паника. Децата под опсервација привремено се држат подалеку од нивните мајки додека не се донесе конечна одлука.