Сезоната на музички фестивали започнува со Illusions: Два дена илузија во Белградскиот Хангар!

Аудио-визуелниот фестивал Illusions кој е еден од најзначајните настани во светот на електронската музика и визуелните уметности во регионот, најавува враќање на првата сцена во Белградскиот Хангар.

©  Marko Edge

Illusions како никогаш досега не престануваат да ги исполнуваат желбите на клаберите кои уживаат во уникатнотниот звук на Afterlife. Двата спектакуларни дена ќе бидат обележани со ударен лајн ап  и импресивни визуелни ефекти, со цел домашната и гостинската публика да ја одведат во сосема нова димензија на клабинг.

На првата фестивалска вечер публиката ќе има можност да ужива во поставките на афирмирани уметници. Миленик на електронската сцена, еден од најголемите хедлајнери ARGY, грчки продуцент и диџеј, со својот талент, успеа да воспостави име на светската музичка сцена. По него на сцената ќе настапи холандската ѕвезда Eelke Kleijn, вешт селектор на мелодично техно. Можеме да кажеме дека неговата музика е атмосферична, со импровизации и миксови, постигнува неверојатни резултати и фантастична енергија на настапите. Потоа, мултиталентираното француско дуо Kas:st, со сетови кои се полни со енергија и емоции, со врвен квалитет, и блесок на  нивната страст и љубов кон музиката. Потоа, целосно освежување со Abstraal.

Оваа еклектична комбинација на изведувачи гарантира незаборавно искуство и танц атмосфера која ќе трае до раните утрински часови.

Втората фестивалска вечер носи уште поголема возбуда со настапот на врвните изведувачи, иконата на мелодичниот техно звук, која ги руши сите граници од година во година, Stephan Bodzin (Live set), германскиот маестро со неговите аналогни синтисајзери и машини за ритам, претставува студиско дело, кое го чекаше светската сцена. Тој е еден од најперспективните уметници во последните неколку години, стекнувајќи голема популарност во светот на музиката индустријата. Популарното италијанско дуо Fideles доаѓа по втор пат, но и нови имиња на електронската сцена, Olympe и Sammer.

Белград сè уште немал можност да го доживее нивото на кое фестивалот Illusions планира да го постави во 2024 година. Секој следен настан ќе ги разгори сите ваши сетила со помош на богат електронски звук и сензуална продукција, кои заедно создаваат магија.

©  Marko Edge

Продажбата на еднодневните билети започна и истите може да се набават преку веб-страницата Gigstix и во книжарниците на Vulkan. Бидете дел од оваа неверојатна авантура и резервирајте своето место на Аудио-визуелниот фестивал „Illusions“ 2024 година.

За повеќе информации и за купување билети, посетете го следниот линк