Сериозно предупредување за оние кои се во соседна Грција: Внимавајте каде паркирате, доаѓа невреме!

Се очекува големо невреме да зафати повеќе делови од соседна Грција. Медиумите веќе го пренесоа предупредувањето од надлежните за внимателност. 

Националната метеоролошка служба издаде вонредно предупредување за обилни врнежи од дожд и невреме придружено со град и голема фреквенција на молњи, со засилен ветер и забележлив пад на температурата.

Најмногу дожд се очекува во централна Грција, во северниот дел на островот Евија и на Пелопонез.

Министерот Кикиљас на состанокот истакнал дека целиот механизам за цивилна заштита е во состојба на готовност и ја нагласил потребата сите да бидат целосно подготвени, за да може да се преземат неопходните превентивни мерки и да има навремено справување со сите проблеми што би настанале поради невремето. 

Во фејсбук групата „Грција Инфо“ има и предупредување до туристите да внимаваат каде ги оставаат своите автомобили.