‘’Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара’’, изјави Директорот на „Идризово“, по пожарот во кој четворица чувари се задушија

''Четворицата чувари што беа затрупани од чад во затворот „Идризово“ се во добра состојба и утре ќе бидат пуштени дома. Состојбата им е подобра од вчера, но лекарите реагираа внимателно поради можни последици од вдишаниот чад. Затоа беа задржани под медицински надзор. Според информациите, утре ќе бидат пуштени дома''., изјави директорот на затворот, Зоран Јовановски. Тие беа посетени синоќа, неколку часа по завршувањето на пожарот во женскиот дел од затворот, каде вдишале чад.

''Четворицата чувари, заедно со полицајците и војниците во затворот, успешно го справија пожарот. Пожарот не беше голем, но чадот создаде повеќе проблеми. Изгорен е само еден душек, кој е направен од високозапалив материјал, што не требаше да се користи според стандардите за безбедност. Ова е прв пожар во затворските соби за времето на моето управување, но не првиот случај на инциденти со пожари во затворот“, додаде Јовановски.

Собата каде избувнал пожарот исто така ќе биде реновирана што е можно поскоро. Поради можноста пожарот да бил подметнат, МВР ќе изврши истрага.