Се врши процена за неколку локации каде би се преселил Центарот за зависници во Кисела Вода

Се уште нема конкретно решение за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода. Од општина Кисела Вода велат дека најдени се соодветни места каде би се преселил центарот, но за локациите се врши процена дали ги задолуваат условите за постоење на таква установа.


– За локациите се врши процена дали ги задоволуваат условите за постоење на установа со таква намена, во однос на урбанистичка и административна условеност. Земајќи ги во предвид досегашните заклучоци кои произлегуваат од анализите за потребните активности кои треба да се завршат за да се спроведе во целост дислокацијата на Центарот, остануваме во правец на досегашниот даден рок од жителите директно засегнати за дислокација на Центарот – информираат од општина Кисела Вода.

Жителите кои живеат во близина од Центарот за зависници во Кисела Вода неколку пати протестираа со барање за негова дислокација бидејќи се загрижени за нивната безбедност. Поради расфрлани употребени игли, неколку деца беа повредени, а зачестени се и кражби по куќите од страна на лицата кои се лечат таму.