Се судрија возило и запрежна кола во Велес, тешко е повредена жена

Во СВР Велес, синоќа, во 20.10 часот, било пријавено дека на регионалниот пат Велес – село Извор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ситроен саксо“, со велешки регистарски ознаки, управувано од П. М.(44) од Велес, и запрежноа кола, управувана од Л. Ц.(64) од с. Извор, општина Чашка.

Во несреќата тешки телесни повреди добила Л. Ц., констатирани во Општата болница во Велес.

Извршен бил увид од екипа на СВР Велес.