Се сеќавате ли на минералната вода „Скопјанка“?

Повозрасните скопјани сигурно се сеќаваат на минералната вода „Скопјанка“, која извираше и се полнеше во Волково, но таа одамна не може да се најде на пазарот.

Во групата „Стари Скопјани“ беше објавена фотографија од амбалажата на водата од 1973 година.

- „Скопјанка“ за мене беше убава минерална вода, сум пиел и во Волково каде што тече, што се случи со неа никој не знае, таа буквално исчезна, пишува еден член во групата.

- „Скопјанка“ не беше убава, туку беше најубава минерална вода. Газирана како никоја од денес, едноставно прекрасна, вели друг корисник на Фејсбук.

За изворите на минералната вода во Волково се бараше концесионер и пред неколку години, но тогаш никој не се јави на огласот.