Ретро фото од новогодишно украсено Скопје пред повеќе од шест децении

Подготовките за новогодишните и божиќите празници се во тек. Граѓаните се во очекување надлежните да ги украсат и градовите.

Скопјани, освен украсување на најфрекфентните места во општините, очекуваат во новогододишно светло да блесне и центарот на метрополата. 

Скопскиот централен плоштад отсекогаш бил украсен новогодишно. 

Старите скопјани, деновиве, во фејсбук групата „Стари скопјани“ споделија фотографии од новогодишно украсениот плоштад во далечната 1960 год. Еве како изгледал тогаш. 

Освен оваа фотографија има уште една која ја доловува ретро празничната магија и буди носталгија за минатото - Скопје пред повеќе од 60 години кога се уште во центарот на Скопје постоеа Офицерскиот дом и Стоковната куќа.