Први мај Скопје (1960)

Во спомените за старо Скопје, постарите генераци како празник над празниците ја помнат прославата на Први мај – Денот на трудот.

Работните луѓе од цела Македонија се собирале во главниот град каде на спектакуларен начин се организирала првомајската парада на која сите настојувале да го прикажат она што го работеле и она што го постигнале на најдобар начин.

Тоа е време во кое Скопје имало Градска, Руска и Офицерска плажа, време во кое вториот ден се славел на Сарај и Матка со пријатели, роднини, во друштво со девојките и момчињата или пак, едноставно со скопјани.

Но, се согласуваат речиси сите што го изживеале тоа време, првомајските излети биле во сенка на парадата која била најголемото чудо на првомајските празници.