Простете – тоа е најдобриот начин да се ослободите од товарот кој ви тежи на душата

Простувањето  претставува специфична точка на баланс меѓу среќата и омразата, а носи огромна можност на ослободување.

Трчајќи низ деновите со сиот свој товар, често носиме и преголем товар на себе. Не се ни прашуваме зошто е тука, зошто ни тежи толку многу. Тоа е насобрана болка, очај, стрес, немир.

Постојано наоѓајќи се на средина во борбата меѓу доброто и злото, обичниот човек мора да ја пронајде точката меѓу среќата и ведрината од една страна, и омразата и бесот од друга страна. Мораме да се ослободиме од негативните чувства, а да додадеме повеќе на позитивните. Си го должиме тоа себеси.

Но, како да го направиме тоа?

Полесно е одошто мислиме.

Иако носиме огромна гордост во себе, сепак треба да знаеме дека некои работи само нè спречуваат да бидеме среќни. Една од тие работи е и насобраниот стрес кон луѓето кои не навредиле или повредиле. И тие можеби продолжиле со својот живот, но ние сме заковани со омразата и болката и мислиме дека така ќе им покажеме. Но, само си наштетуваме себеси.

Простувањето има огромна моќ- во него лежи свесноста за нашиот потенцијал, напорот да направиме нешто добро за себе, но и моќта која некогаш не сме ни свесни дека ја имаме.  Тоа претставува свесна одлука со што се ослободуваме од товарот и желбата за одмазда, и продолжување напред. Тоа дава можност да се ослободиме од сите негативни чувства кои ги имаме кон  одредена личност и конечно да ја заборавиме.

nike air max 1 sale