Просечната нето плата во март годинава 40.496 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2024 година, изнесува 40 496 денари, објави Државниот завод за статистика. 

Како што пишува во објавата на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, изнесува 116.

- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21,9 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21,3 проценти) и Образование (20,5 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7,8 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7,3 проценти) и Преработувачка индустрија (6,2 отсто), пишува во соопштението на ДЗС.