Во наредните неколку дена во Европа пристигнува еден од најладните бранови, а метеоролозите велат дека може да се очекуваат и први обилни врнежи од снег оваа сезона. Ладниот бран кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите.
Снег вчера заврна и во Словенија, но само над 2.000 метри надморска висина.
Заладување ќе се почувствува во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а утре се очекува на југот од Франција и западот на Медитеранот да биде „многу ладно“. Втор ладен бран доаѓа после среда и ќе ја зафати источна Европа и Балканот.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а во текот на денот од југ ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 19 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската темптература ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината.