„Пријателство“ нов албум на Симон Трпчески за британски „Лин Рекордс“

„Лин рекордс“ денеска го објави најновиот албум на нашиот пијанист Симон Трпчески, насловен „Пријателство“ (Friendship), кој е достапен на дигиталните мрежи за преземање.

-На албумот се наоѓаат „огнениот Квартет за пијано на Брамс бр. 3 во Це-мол, фантастичниот нов аранжман на прекрасното „Дивертименто“ на Конесон и триумфалниот квинтет во три става на Панде Шахов“, информираат од КултурОп прес.

Како што се наведува во денешното соопштение, нашиот пијанист во моментов е во Соединетите Американски Држави. Таму го очекува серија концерти, што ќе стартува во Денвер.

- Исполнетиот распоред до крајот на мај го води и во Сараево, Целје, Билбао и во Женева, се додава во соопштението на КултурОп прес.