Познатиот музичар Џон Илија Апелгрин со интересен ироничен став за политичките случувања

Познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрин, по повод политичките случувања во земјава,  доцна синоќа се огласи со интересен став. 

-Денес научив: доколку од другата партија кандидатот има двојно државјанство, тоа е најопасно за државата (особено кога се локални, а не парламентарни избори), ама сосем е ОК, кога јавно парламентарец кажува дека дипломати од странски држави му го смениле мислењето, а со тоа директно се мешаат во внатрешните работи на земјава која има неколку имиња, а најсреќна би била со името Протекторат Македонија, пишува иронично тој и додава. 

-Да се немало воопшто политички интегритет...па другиве како успех си го зеле дека сме марионета држава...