Повторно штрајк во Љуфтханза, се очекува откажување на летовите

Се очекува ново откажување на летовите на Луфтханза откако е најавен уште еден штрајк на копнениот персонал за четврток и петок. Персоналот ќе престане со работа од 4.00 часот изутрината во четврток па се до 7:10 часот во сабота.

Ова би можело да значи дека некои од вечерните летови на Луфтханза до градовите во поранешна Југославија може да бидат погодени уште денес бидејќи нивното враќање во базата е закажано во четврток наутро кога штрајкот веќе ќе биде на сила. Германскиот авиопревозник допрва ќе објави колку летови ќе бидат погодени од индустриската акција, но рече дека прекините ќе бидат "големи".

Луфтханза има вкупно 26 летови планирани од Франкфурт и Минхен до градовите во поранешна Југославија овој четврток и петок, вклучувајќи осум летови за Белград, шест за Љубљана, два за Сараево, три за Скопје и седум за Загреб.