Посебен сообраќаен режим денес во Скопје поради предизборен митинг

Поради предизборен митинг за претседателските избори денес во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Денес 21.04.2024 во 20 часот на плоштадот „Македонија“, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот. 

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.