Порака на денот: Престанете да ги чекате луѓето кои се зафатени

Некои луѓе ни носат неверојатна среќа кога ќе поминеме време со нив.

Photo by Aleksandra Sapozhnikova on Unsplash

Но, тоа не значи дека тие се добри за нас на долг рок. Ако некоја личност е зафатена, а ние сме втората опција, работите никогаш нема да бидат онака како што ние замислуваме.

Колку и да мислиме дека тие се вистинската личност за нас, тие не се.

Но, без оглед на тоа, ние постојано мислиме на заедничката иднина, на тоа дека работите би можеле да се променат за одредено време. Не можеме да си објасниме зошто и како, но кога сме со нив се чувствуваме како да можеме да го освоиме целиот свет.

Но, што се случува кога тие не се покрај нас?

Тие водат друг живот, а ние сме сами, нерасположени и во постојано исчекување. Не звучи толку добро, нели? Никој од нас не заслужува да добива трошки среќа и да биде нечија туѓа втора опција. Да, работите некогаш се менуваат и „успеваат“ за некои луѓе, но тоа се само исклучоци, а не правило.

Затоа, колку и да изгледа тешко, важно е да го слушнеме разумот. Голем дел од луѓето поминале низ ваква и слична ситуација низ животот, многумина помислиле дека треба да се почека, но времето покажало дека тоа не донело ништо добро. Напротив, ваквите ситуации носат само очај, болка и пад на самодовербата за повеќето луѓе.

Затоа, не си го кршете сопственото срце. Не дозволувајте да се заљубите во фантазија, наместо да го живеете својот реален живот. Не чекајте никого. Нема ништо убаво во тоа, бидејќи животот поминува.

Не морате да се лутите никому, едноставно е само да ја донесете најдобрата одлука за себе, колку и да изгледа тешко тоа.