Порака на денот: Неверството е свесна одлука

Верноста е доблест што е целосно запоставена во денешно време. 

Photo by Denny Müller on Unsplash

Малку се зборува за неа. Сите знаеме да препознаеме физичко предавство. Сите знаеме што е физичко неверство, но постои и еден вид неверство, кое е поинакво. 

Кога сме во среќна и исполнета љубовна врска, ги знаеме своите граници и знаеме до каде можеме да одиме. Уживаме во љубовта, свесни сме за добрите и лоши страни, но имаме донесено свесен избор да бидеме со таа личност.

Но, кога ќе решиме да почнеме да комуницираме и флертуваме со друга личност, мислејќи дека тоа е безопасно, многу грешиме. Во тој миг, носиме свесна одлука да ги преминеме границите кои постојат во врската. 

Влегувањето во врска е како влегување во продавница. Влегуваме по своја слободна волја. 

Знаете каде влегувате и знаете кој е концептот. Значи, вие сте муштерија, влегувате, купувате, а тоа значи дека плаќате и излегувате. Ако земете нешто и не платите, тогаш кршиме нечиј туѓ концепт. Нарушуваме туѓа слобода затоа што знаеме каде влегувам Постојат и правила на игра. При играњето шах, не можете да ги користите правилата што се користат во „не лути се човеку“. Некој ќе рече: „Но, врските не се игра“. Тие не се игра со цел некој да биде поразен, но она што е исто со врските и игрите е дека и двете имаат правила т.е. границите и дека ги правите и двете и започнувате со вашата слободна одлука и вашата волја.е и кои се правилата.

Кога ги знаеме и почитуваме нашите граници, тогаш ќе ги почитуваме и границите на другиот. Луѓето често не можат да направат разлика помеѓу едноставното флертување и предавството. Секогаш постои прашање за слобода.

Во секое битие постои желбата за мир. Секој човек сака мир и спокојство и безбедност. Кога ќе влезете во емотивна врска со некого, јасно е дека крајната цел на тоа патување се мирот и љубовта. Без разлика дали овој мир го постигнуваме преку турбулентен емотивен живот или дали е мирно пристаниште - ние секако се стремиме кон задоволство, а тоа повторно води кон мир.

Луѓето ги сведуваат предавството и измамата на само физички чин и контакт. Сепак, тоа не е секогаш така. Верноста се сведува на одлука. Во првиот момент кога ние ќе почнеме да комуницираме со друга личност со цел да поттикнеме некакво чувство, тогаш свесно одлучуваме да ја размрдаме врската. 

Праќањето пораки  и меилови и уживањето со друга личност е емоционално мамење. Флертувањето е емоционално мамење. Ако вашиот партнер флертува и мисли дека тоа е добро - вие сте двојно изневерени. За неверство не е потребен физички контакт.