Порака на денот: Можеби е време да ги пуштите од својот живот луѓето кои не се подготвени да ве сакаат

Можеби тоа е најтешкото нешто што ќе треба да го направите, но тоа е и најдоброто нешто.

Photo by Gabriel Benois on Unsplash

Престанете да им давате љубов на оние кои не го заслужуваат тоа. Престанете да очекувате дека луѓето ќе се сменат преку ноќ, особено ако повеќе пати ви го покажале своето вистинско лице. Не им давајте приоритет на луѓето кои ве третираат како опција. Не ги сакајте луѓето кои не се подготвени да ве сакаат.

Некогаш инстинктот ни вели дека треба да бидеме добри со другите и да го видиме најдоброто во нив, но тоа е само импулс кој ќе ве измори.

Сите луѓе не се подготвени да нè сакаат и тоа е во ред. Тоа некогаш не зависи од нас. Не можеме да се менуваме за другите, ниту пак можеме да очекуваме дека тие ќе се сменат поради нас.

Ако имате лошо чувство во стомакот, ако не сте сигурни дали сте сакани или не, ако не сте сигурни колку некој ве цени, вие веќе го имате одговорот. Кога некој вистински ве сака и ве обожава, вие никогаш нема да се прашувате дали е тоа така.

Вистината е дека ние не сме за сите, а и сите не се за нас. Не можеме да бидеме посебни за другите, како и тие што немаат исто место во нашето срце. Некогаш боли вистината, но таа е таква. Мораме да ја прифатиме пред да го потрошиме своето време и нерви на некој кој не заслужува.

Борете се за она што вреди, но не за сè.