Порака на денот: Конкуренција треба да ви биде вашето минато, а вашата иднина, ваш најголем херој

Лесно е да паднеме во играта да играме против другите луѓе.

Photo by Vince Fleming on Unsplash

Но, не треба да биде така.

Некогаш сме воспитани да мислиме дека вистинската конкуренција е надвор од нас, другите кои би можеле да ги земат нашите работни места, нашите можности, нашите пари, нашите односи, нашите пријатели.

Не сте во конкуренција со оние околу вас.

Вие сте во конкуренција со вашето его.

Во конкуренција сте со вашата мрзеливост.

Вие сте во конкуренција со вашите пороци.

Вие сте во конкуренција со вашиот страв.

На крајот, тоа сте вие наспроти самите себеси.

Потребно е многу за да се сменат ваквите навики, но вие го можете тоа. Не морате да играте против другите луѓе.

Не сте богати само ако сте побогати од другите.

Не сте паметни ако сте попаметни од некоја друга личност.

Не сте среќни, само ако сте посреќни од некој друг. 

Овој начин на мерење има токсично влијание врз нашите животи. Тоа го убива нашиот потенцијал и нè тера да мислиме дека нашата среќа зависи од другите луѓе.  Но, ние самите ги создаваме добрината, убавината и среќата во нашиот живот.

Можеме само да бидеме подобра личност од тоа што сме биле вчера, а утре подобра од денес.

Единствената вистинска мерка за тоа колку далеку сте стигнале во животот е кој сте сега наспроти тоа што сте биле некогаш порано. Вашиот најголем пријател или непријател е личноста која ја гледате во огледало, личноста која највеќе треба да верува во вас. Вие самите.

Само треба да го направите вистинскиот избор!