Порака на денот: Ако некого сакате, не ја сфаќајте нивната љубов „здраво за готово”

Некогаш е тешко да ја задржиме љубовта и хармонијата во долгите односи.

Photo by brooklyn on Unsplash

Со текот на времето наидуваме на многу предизвици и проблеми, па мислиме дека работите треба да бидат такви – хаотични, да сме уморни еден од друг, да заборавиме на потребите на личноста која сакаме и едноставно да одиме низ животот, бидејќи можеби сите други го прават тоа. Но, секој однос без оглед на тоа колку е долг, бара ангажман, напор и разбирање.

Многу е лесно да ги занемариме односите и да дозволиме така да ја нарушиме љубовта и хармонијата во нив. Некогаш чувствуваме замор од другата личност, но наместо да се прашаме што можеме да направиме за тоа, ние пуштаме времето да го направи своето, но често тоа е безуспешно. Времето не може да ги поправи нашите односи.

Како да продолжиме со љубовта после долги години заедништво? Можно ли да е се чувствуваме како на почетокот на врската?

Веројатно не, бидејќи првата фаза со себе носи пеперутки, одредена почетна заљубеност, па и илузија, но убавината на љубовта е во тоа што таа се гради од ден на ден и така се создава доверба, разбирање и поврзаност. Така и сфаќаме дека една личност сосема ни одговара или пак не сме отишле подалеку од заљубеноста.

Запаметете дека љубовта е како градина со цветови која постојано бара полевање. Колку и да ни изгледа сето ова филозофски или наивно, пробајте да направите мала промена во вашиот однос и да забележите како тоа се рефлектира не само на вашата сакана личност, туку и на двете страни и целиот однос.

Бидете свесни дека животот секогаш има одредени планови за нас, но ние сме тие кои треба да се потрудат да ги задржат луѓето кои вредат во нашиот живот. Ние сме тие кои треба да поработиме на одржување на односите.