Дека комшискиот живот не е повеќе ни приближно ист како во минатото, покажуваат многу примери.
Порано комшиите, се важеле како едни од поблиските членови на фамилијата. Биле тука секогаш кога било потребно, и за добро и за лошо. Се поканувале на веселби, си позајмувале сол, шеќер, зејтин и леб, кога им недостасувало. Денеска веќе не ни знаеме кој живее до нас.
Се среќаваме само во влез, некогаш се одминуваме, а некогаш само си климнуваме со глава, како поздрав.
Порано имало и по некоја кавга. Денеска го нема ниту тоа. Ако нешто ни смета си пишуваме пораки и ги лепиме по влезовите. Така ги решаваме проблемите и се препукуваме. Немаме време за губење.
Еве каква порака се појави неодамна во една станбена зграда:
“За гуската од трети спрат: Ова ѓубре се фрла во канта, следниот пат ќе ти ја откорнам периката”...