Полна Месечина во Водолија: Што ги очекува хороскопските знаци?

Вечерва небото ќе биде осветлено од сината полна Месечина во Водолија.

Што го очекува вашиот хороскопски знак?

Овен

Родените во овој знак се подготвени да се ослободат од енергиите кои не одговараат на вашата. Наместо да се фокусирате на тоа што тие можат да направат за вас, донесете одлуки врз основа на тоа какви емоции ви носат луѓето околу вас. Луѓето кои се лојални вредат да бидат дел од вашиот живот.

Бик

Ова е одличен момент да се редефинирате себеси. Имате можност да откриете нови цели и аспирации. Дадете си шанса да бидете храбри и да навлезете во територии кои ви се непознати. Сѐ е можно за вас!

Близнаци

Разбудете ја својата имагинација и своите страсти. Дозволете си да сонувате и да го видите светот во ново светло. Вашата визија ќе ви помогне да подобрите некои аспекти од вашето живеење.

Рак

Вие веројатно знаете колку се важни границите, бидејќи некогаш ви е тешко да ги поставите. Тоа се однесува на вашето семејство, пријатели и партнери. Но, оваа полна Месечина ви носи мотив и храброст да промените некои работи. Научете ги луѓето да ги почитуваат вашите потреби.

Лав

За родените во овој знак, Месечината го буди вашето поле на љубовта. Поминете значајно време со саканата личност и откријте ја страста повторно. Ако сте слободни, поврзете се со луѓе кои ви одговараат и на кои им се допаѓате. Тоа може да донесе до значајни поврзувања.

 Девица

Пуштањето на старите навики е тешко, а тоа особено се однесува на вас бидејќи вие ја сакате рутината. Но, добрата вест е дека полната Месечина ви помага да се ослободите од некои лоши навики. Не ви е потребен багажот кој го носите.

Вага

Се наоѓате во деликатна фаза на полето на романсата, што е доказ дека важно е да ги покажете своите чувства, но и да бидете емпатични и грижливи.  Тоа ќе ви помогне да се поврзете со другите на значаен начин. Не си стојте сами на патот на среќата.

Шкорпија

Вие сте моќен знак кој владее со другите. Но, некогаш проблемот е што преземате повеќе одговорности отколку што можете. Важно е да одредите приоритети за да можете да ги исполните своите цели, но и да бидете среќни.

Стрелец

Полнара Месечина ве повикува да направите чекор наназад пред да се обидувате да се докажете пред другите. Тоа ќе ви помогне да сфатите дека не сте секогаш во право и дека не знаете сѐ за другите. 

Јарец

Вашите финансии беа во хаос, но сега е моментот кога можете да донесете добри одлуки, базирани на советите од другите. Продолжете напред со рационални чекори.

Водолија

Оваа полна Месечина е во вашиот знак и ве поттикнува да се поврзете со умот и срцето. Не заборавајте на своите чувства, а ако ги имате, споделете ги со оние кои ви се важни.

Риби

Ова е време на поврзување со себеси. Најдете начин да бидете сами и да заборавите на вревата. Медитација, јога, пливање и читање се активностите кои ви одговараат.