Полицијата приведе криумчар, пронајдени се осум мигранти од Сирија

Во близина на Богданци вчера околу 18.10 часот  од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран е лишен од слобода П.Г.(49) од Богданци, осомничен дека со патничко моторно возило „ауди A4“ со гевгелиски регистарски ознаки, превезувал осум лица мигранти од Сирија.

Од МВР денеска информираа дека за настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.