Поезија: Радован Павловски - Жена

Радован Павловски е еден од најпреведуваните македонски поети во светот.

Photo by Oladimeji Odunsi on Unsplash

Таа е
Шатор за ноќевање на машки цветови
Ноќен напев на мојот постанок
Походот на моите сили е таму
Каде што Таа уште од Троја
Ја крие својата слатка Тајна.

Без нашето милување би немало море
Ниту пак би се ковале прстења од метеори
Ниту пак би биле отсликани во остров на осаменост

По бродолом како заскитана светлина
Ги барам нејзините очи
Одисејата на мојата љубов
Одекнува
Во нејзините долини