Поезија: Матеја Матевски - Целиот живот ми се спомените

Матеја Матевски е роден во Истанбул, 1929 година. Детството го поминал во Гостивар, а студирал во Белград и Скопје, каде завршил Филозофски факултет.

Photo by Hulki Okan Tabak on Unsplash

Денеска се потсетуваме на неговите стихови.

Целиот живот ми се спомените – Матеја Матевски

Што ми е грижа што било лага
и каде водела измамна трага?
Целиот живот ми се спомените

И за преоценка да дошло време
не може никој нив да ми ги земе
Целиот живот ми се спомените.

По моја волја тие се редат
и илузиите нешто да вредат.
Целиот живот ми се спомените.

Јас сам над нив само над нив со власт крајна
создавам со нив родина тајна.
Целиот живот ми се спомените.