Поезија: Јосип Коцев - Чај од небо

Чај од град 

Photo by Mehdi Sepehri on Unsplash

Те познавам во невреме

ти, гордост негибната од срамот

ти, што бестрашно им приоѓаш

на сите мои разбрани ѕвезди

и ги раствораш во истата шолја

со твојата кесичка чај од небо.

Голтка по голтка

го пиеме вртлогот од разум и богови,

и љубиме до неразбирање,

и разбираме до заборавање.