Поделете го материјалното, за да ви се множи духовното!

Денес е ден за да ви биде душата исполнета со топлина,срцето со милостина, очите со светлина за радост низ животот да ве води!

Во предвечерието на големиот христијански празник, на Бадник, видовме многу богати и убаво сервирани трпези. Сепак, празнувањата се потсетник дека не само трпезите, туку и душите терба да ни бидат полни. Полни со љубов и емпатија за друите... Па, така, доколку ви останува храна спакувајте ја и понудете ја на оние кои, можеби, овие празници ќе ги минат со малку или без воошто храна. 

Поделете го материјалното, за да ви се множи духовното, советуваат свештените лица! Само така ќе имате радост за деновите пред Вас, верба дека ќе се роди нова надеж за добрина и здравје! 

Срекен Божиќ! Христос се роди!