Почина композиторот Тоде Новачевски, кој стои зад најголемите хитови на Маријана и Росана

Тоде Новачевски ѝ беше сопруг на Маријана, од познатото дуо Маријана и Росана. Тој почина во Мелбурн, по долгогодишно боледување.

Новачевски стои зад најголемите хитови на познатите пејачки, „Признавам“, „Око мое“, „Ако не изчезнам“, но и хитот на Росана „Свири ми брате цигане“. 

Новачевски е роден во Битола, а повеќе децении живееше во Мелбурн. Во бракот со Маријана имаа две деца.

Почина на 66-годишна возраст, а веста за неговата смрт ја потврдила и Росана.