По масакрот во Белград: Мајката на Коста може да заврши во затвор

Обвинителството на Србија испрати барање до белградската полиција да ги собере потрените податоци и да ја сослушаат осомничената М.К. која му е мајка на Коста Кецмановиќ, кој изврши масакр во училиште на почетокот на мај.

Ако се докаже дека мајката ги занемарила своите родителски обврски, тогаш се соочува со затворска казна од три години, пишува српски „Блиц“.

-Доколку се докаже дека мајката сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице може да се казни со затвор до три години, кажа адвокатот Радомир Мунижаба за „Блиц“.