Писмо до моите пријатели: Фала ви што во секој момент бевте мои ангели - чувари

Ви благодарам што правевте да се смеам кога бев потиштена и кога се чувствував како моите денови да се еден огромен круг на мизерија. Секогаш ќе ги помнам шегите кои ги правевте само за да ме насмеете, како и брутално искрените работи што ми ги кажувавте кога требаше да ги слушнам. Ви благодарам што непоканети доаѓавте кај мене дома и ме теравте да излезам кога само сакав да спијам и лежам во кревет.

Ви благодарам што внесовте боја во мојот свет кој полека стануваше црно-бел, затоа што секогаш ме потсеќавте дека агонијата не оди добро со мојот карактер и ме каравте дека морам да го чувам моето срце. Фала ви за сите забавни моменти кои ги споделувавме. Мислам дека никогаш нема да најдам ваква група на пријатели!

Фала ви на часовите кои ги поминавме освојувајќи го светот. Не сум убедена дека некогаш ќе сретнам толку прекрасни и силни пријатели кои гласно се смеат во кафулиња и не се грижат за погледите околу нив. Ви благодарам за авантурите кои ми помогнаа да си докажам себеси дека сум посилна отколку што мислам. Не знам дали некогаш ќе сретнам толку храбри пријатели како вас, кои уживаат во секој ден, откривајќи и истражувајќи го светот, без страв и без воздржување!

Ви благодарам што ми покажавте како да живеам незаборавен живот. Ви благодарам што правите да се чувствувам сакана и расположена дури и ако само накратко зборувам со вас. Поради вас сфатив дека животот не е само потрага по цел, туку потрага по пријателства кои ќе траат цел живот. Ви благодарам што ме водевте во моментите кога го имав изгубено патот. Ви благодарам што ми дававте одлични совети кога ми беа потребни, што ме прегрнувавте додека сама не сфатев дека не сум во право, за сите моменти кога трпеливо ме слушавте кога бев очајна и тажна. Фала ви драги мои пријатели. Не би успеала да стигнам дотука без вас. Вие сте моите ангели – чувари. 

Секогаш ќе се сеќавам на вашите лица, без оглед на тоа каде ќе завршам. Вие сте мојот главен извор на среќа и инспирација и тоа ме турка да одам напред. Ви благодарам драги мои пријатели. Вие станавте составен дел од моето срце кое никој не може да го замени. Благодарна сум за секоја секунда која ја споделивме заедно. Немам поим што ќе донесе иднината, но постои една работа која нема да се промени: Нема да бидете заборавени! Никогаш!

Само сакав да ви кажам благодарам, за сето тоа време кога вие бевте мој дом.