Пауло Коелјо: Невозможно е да се скрши жената...

 

Пауло Коелјо е еден од најпознатите писатели во современата книжавност, а во многу од неговите дела жените имаат централна улога. Затоа денес со вас споделуваме неколку убави и интересни мисли од славниот писател кои се однесуваат на жените.

„Невозможно е да се скрши жената, таа е подготвена да помине низ 7 кругови од пеколот за од животот да го земе она што го заслужува.“

„Водата е симболот на женската моќ, моќ која ја нема ниту еден маж, кој колку и да е посветен или совршен, не може да ја достигне.“

„Таа немаше обичај да се врти околу себе, жените кои се чувствуваат како кралици никогаш не го прават тоа.“

„Таа е жена, може да ги види работите кои мажите не можат.“

„Јас сум две жени: Едната која сака да ја има целата среќа на овој свет, страст и авантури кои животот може да ги понуди. Другата сака да биде роб на рутината, семејниот живот, работи кои можат да бидат исполнети и планирани.“

„Сите жени имаат перцепција која е многу поразвиена од онаа на мажите. Така, сите жени некако, потиснати толку милениуми, завршија со развивање на ова шесто сетило и контемплација и љубов. И ова е нешто што тешко го прифаќаме како дел од нашето општество.“

„За мене, вештерка е жена која е способна да ѝ дозволи на нејзината интуиција да ги контролира нејзините постапки, која комуницира со својата околина, која не се плаши од соочување со предизвици.“

„Што сакаш? Не можете да сакаш да бидеш среќна, бидејќи тоа е премногу лесно и премногу досадно. Не може само да сакаш да сакаш, бидејќи тоа е невозможно. Што сакаш? Сакаш да го оправдаш својот живот, да го живееш што поинтензивно. Тоа е истовремено замка и извор на екстаза. Обиди се да бидеш внимателна во врска со таа опасност и искуси ја радоста и авантурата да бидеш жената која е надвор од сликата рефлектирана во огледалото.“