Патот Тетово-П.Шапка е забранет за автобуси

Од ЈП “Македонија пат“ известуваат дека на патниот правец Тетово – П.Шапка има забрана за сообраќај за автобуси додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири).

Исто така забраназа сообраќај на тешки товарни возила има на Стража и Маврово.  

Од ЈП “Македонија пат“ велат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони и апелираат до возачите на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.