Парламентарниот караван „Собрание за граѓаните“ утре со завршен настан во паркот Жена-борец

Парламентарниот караван „Собрание за граѓаните“ изминатите недели посети 12 градови низ земјата, со цел зајакнување на отвореноста и одговорноста на законодавниот дом, како и создавање можности за стекнување знаења за улогите и надлежностите на оваа институција.

Утре, петок, 11 ноември, со почеток во 11 часот, во паркот Жена-борец во Скопје ќе се одржи завршниот настан на караванот.

Караванот ги посети Штип, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Кочани, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, Дебари Гостивар.

Фотографии од овие настани се достапни на Facebook-страницата на „Програмата за парламентарна поддршка“, во чии рамки се одржа караванот.

Оваа 10-годишна програма е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада. 

Како и на овие локации, на завршниот настан во главниот град се очекува присуство на пратениците од скопските општини, со кои граѓаните ќе можат отворено да разговараат и да разменат мислења.

Во текот на настанот граѓаните ќе можат да стекнат знаења на теми како историја на парламентаризмот, процесот на донесување закони, мандат и имунитетна пратениците, односи со другите институции на власта, организација и функционирање, парламентарни избори, како и политичка контрола и надзор над Владата од страна на Собранието.

Покануваме новинари, фотографи и сниматели.