Ова не е живот, ова е мачење: Јас ќе им бидам и татко и мајка на моите три деца

Со трите деца си заминав, морав да се разведам, престанавме да се сакаме. Згасна љубовта, повеќе ја немаше онаа, енергија... Почнавме да се караме за секакви ситници, кршење предмети, викотници ечеа од нашиот стан.

Дури и комшиите реагираа. Мене ме фати депресија, не ми се стануваше сабајле од кревет....Ги гледав децата како тонат покрај мене...Немав желба за ништо... Ми требаше време да се тргнам од мрачнината коај ме обзема и да ја донесма одлуката...Да ставам крај. Не можам веќе вака да живеам. Ова не е живот. Ова е мачење. Најмалото дете имаше само 9 месеци, кога си заминав од кај него.

Се спакував и заминав за секогаш. Тешко ми беше да се одлучам на овој чекор но морав најмногу заради децата. Не сакам да живеат во секојдневни кавги и расправии. Да стојат помеѓу мене и него, да не раздвојуваат кога се караме, да плачат заедно со мене. Постариот еднаш дојде  да ми ги избрише  солзите од лицето ми рече „Мамо не плачи“.

Луѓето никогаш нема да разберат, но едноставно таа куќа и таа околина не беше место каде што јас би ги гледала моите деца. Честопати знаат да ми кажат како ќе растат без татко, а јас само знам луто да ги погледнам.

Нивниот татко кажа дека не му се потребни. Јас ќе им бидам и татко, ќе им бидам и мајка, со овие две раце ќе работам непрестано, макотрпно, само да ги одгледам и да ги одведам на вистинскиот пат. Никогаш ништо да не им недостасува, бидејќи јас се жртвувам себеси за да ги направам нив среќни. Мојот избор беше само за тие да бидат насмеани, да не живеат во кавги и нервози.