Оставете ја мајката на раат да тагува за чедото - новинарката Мулачка со децидна порака

Новинарката Ирена Мулачка со децидна порака до сите „дежурни“ критичари на социјалните мрежи. 

Се плетат приказни, се измислува, се додава, се филува..., вели таа во својата објава алудирајќи на трагичниот случај со младата Вања. 

- Значи веќе пет дена се трудам да не коментирам за случајот со убиството на девојчето, ама еве веќе не можам. Како бе може луѓе да бидете експерти за се, триста теории се направија, сите се знаат, сите детективи. Дури е срамота, жално и бедно тоа што го правите. Оставете ја мајката на девојчето на раат, никој да не и е во кожа сега. Доста враќате приказни од пред 20 години. Абе има институции, оставете да си ја вршат работата. Се плетат приказни, се измислува, се додава, се филува...Па смртни казни, па тоа требало, па вака не било хумано... Редно е да одморите малку. Доволно се изначитавме. Само едно ќе кажам тешко на таа мајка што ќе си го закопа чедото сега и оставете ја на раат да тагува... - порача таа во својата објавана фејсбук.