Основците од Карпош ќе добијат бесплатни еднодневни излети

Започна реализацијата на бесплатните еднодневни излети за учениците од основните училишта во Општина Карпош.

Од денеска па се до крајот на овој месец, основците од прво до седмо одделение од десетте училишта, ќе посетат едукативен еднодневен излет на две локации и тоа Кучково и Пеленица-Драчево.

Ексурзиите кои ќе бидат пропратени со наставници-водичи, ќе ги посетат околу 4.365 ученика. Овие пролетни излети се дел од Програмата за образование за 2017 година.