Општина Петровец подели 30 пакети со храна и хигиенски средства

Општина Петровец во соработка со Црвен крст - Гази Баба подели 30 (триесет) пакети хуманитарна помош во храна и хигиенски средства на социјално загрозените и изнемоштените стари лица.

- Ваквите хуманитарни акции се секогаш поддржани од страна на градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски, особено кога се работи за социјално-ранливата категорија на лица, пишува во статусот.