Општина Кисела вода го асфалтираше потегот околу црквата “Свети Спас“

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вчера објави дека делот околку црквата ,,Свети Спас” е асфалтиран. Тој притоа посочи дека на на повој потег, на површина од 1600 квадратни метри претходно се изградила подземна инфраструктура, односно нова водоводна мрежа која ги опфаќа улиците ,,Корџевска”, ,,Мишевска”, ,,Домазетовскa” и ,,Чучевска” и каде жителите после 40 години добиваат бактериолошки чиста вода за пиење.

- “По завршувањето на активностите поврзани со приклучување на домаќинствата на водоводната мрежа и овие улици ќе бидат целосно асфалтирани. Исто така, потегот околу црквата ќе добие обележани паркинг места и ќе поставиме урбана опрема за да ова свето место за драчевчани биде естетски уште поубаво. Ваквиот системски и плански начин на работа, обезбедува квалитетна надземна и подземна инфраструктура што во минатото било многупати лажно ветувано, додека жителите со децении биле оставани без квалитетна вода за пиење. Сакам да посочам дека продолжуваме со инвестирање во вакви проекти во целата општина, во сите населби и населени места се до целосно надминување на проблемите недозволиви за постоење во 21-от век“ се вели во објавата на Ѓорѓиевски.