Општина Илинден подели 200 хуманитарни пакети на социјално загрозени граѓани

Во пресрет на Велигден, Општина Илинден подели околу 200 хуманитарни пакети со храна и хигиенски средства на социјално загрозени лица на нејзината територија. Хуманитарната помош беше собрана во акцијата под мотото „Подај рака - хумана општина Илинден”.

- Локалната самоуправа оваа голема хуманитарната акција ја спроведе во соработка со Црвениот крст и бизнис заедницата од општина Илинден, кои несебично подадоа рака на ранливите категории граѓани од Илинден. Во рамки на акцијата под мотото „Подај рака - хумана општина Илинден”, поделени се околу 200 хуманитарни пакети со храна и хигиенски производи. Целта е во пресрет на големиот христијански празник Велигден, да им се помогне на ранливите категории на граѓани од општина Илинден, велат од Општина Илинден.

Градоначалникот Александар Георгиевски изрази голема благодарност до сите општествено одговорни компании кои овозможија преку свои донации успешно да се спроведе оваа голема хумана акција.

- Општина Илинден ќе продолжи и во иднина да спроведува вакви хуманитарни акции, се со цел да им се помогне на ранливата категорија граѓани празничните денови да ги поминат достојно, истакнуваат од Општината.