Општина Центар со јавен повик за реконструкција на фасади на колективни станбени згради

Општина Центар го објави јавниот повик со кој се повикуваат сите заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од управител на станбени згради или заедница на сопственици можат да поднесат пријава за реконструкција на фасадите на нивните станбени згради.

Од Центар велат дека реконструкцијата на фасади опфаќа обновување на постојната фасада со нова термичка (енергетски ефикасна) фасадна обвивка, односно фасаден систем, на постојни станбени згради на територија на Општина Центар.

Овој јавен повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“ и предуслов за добивање финансиски средства покрај останатата документација да се обезбеди и правосилно РЕШЕНИЕ за реконструкција на фасада во согласност со законските прописи. Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на станбената зграда за колективно домување, но не повеќе од 1.000.000,00 денари за секоја одобрена апликација.