Општина Аеродром: СДСМ нема право да зборува за проекти, нивниот единствен проект предвидуваше сечење дрва

Општина Аеродром реагираше со соопштение на денешната прес-конференција на СДСМ.

-Денешната прес конференција е уште еден аматерски обид на СДСМ извртувајќи ги фактите да ја лажат и манипулираат јавноста. Ништо од денешната прес конференција нема никаков допир со вистина, пракса која СДСМ ја практикува на централно и локално ниво изминатите неколку години. Истата е потврда за деструктивниот однос кој оваа политичка партија секогаш го покажува кога во прашање се нови проекти и инвестиции. СДСМ е политичка партија која е симбол на неработење, корупција, сиромаштија и инфлација. 

Единствен факт кој е точен е дека градоначалникот Тимчо Муцунски беше против првичниот проект на СДСМ и Петре Шилегов кој предвидуваше сечење и уништување на стотина здрави дрвја. Проектот кој сега се реализира драстично се разликува од првичниот, а најважно од се е дека зеленилото е зачувано и дека Аеродром добива нов булевар. 

СДСМ нема право да зборува за реализација на проекти, затоа што тоа е политичката партија во чие време беа стопирани сите проекти во Аеродром. Единствен проект на Шилегов и СДСМ за оваа општина беше обидот да се исече зеленило за да се направи булевар, обид кој успешно беше спречен од страна на група граѓани, општината и градоначалникот, кои водат сметка и за разлика од СДСМ се грижат за Аеродром.

Денеска, Аеродром е општина каде се инвестира во зелени проекти и каде се прават поголем број паркови, од вкупно сите општини каде на власт е СДСМ. Аеродром сега е општина на проекти, развој и инвестиции, факт кој СДСМ го знае, но за жал не сака или не може да го прифати, соопштија од општината.