Од земјоделска држава станавме увозно зависна

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека на Македонија и се случува катастрофа кога се работи за земјоделството. Причините се повеќе од јасни. Младите не сакаат да работат зошто не се исплати, а и иселувањето на граѓаните си го зема данокот. Според податоците на ДЗР во 2023 година се регистрирани 514 375 хектари обработлива површина. Намалување е забележано кај овоштарниците за 2,5 отсто и лозјата за 4,6 проценти, а зголемување на производството е евидентирано кај оризот за 5,4 отсто и кај пиперот за 4,1 процент.

Најголемо намалување може да се види кај овошјето каде македонскиот пазар е преплавен со овошје од соседството. Така падот кај јаболката буквално преполовен со намалување од 51,2 отсто, крушите за 41,2, сливите за 46,1 и праските за 50 проценти.

Ништо подобро не ни кај другите култури. Намалување е забележано кај сончогледот за 39,5 отсто, доматите за 23, краставиците за 34.3 и крмната пченка за 31,7 отсто. И додека надлежните и државата секоја година се фалат за тоа колку субвенции им се исплатени на земјоделците суровата вистина е дека секоја година увозот на она што досега сме го прозведувале само се зголемува.