Обезбедени 47 милиони денари за капитални инвестиции во Гази Баба

На вчерашната редовна седница на Советот на општина Гази Баба на предлог на градоначалникот Бобан Стефковски беше усвоен ребалансот на буџетот со кои се обезбедуваат нови 47.000.000 денари за нови инвестиции.

Градоначалникот Стефковски за ребалансот информираше преку својот официјален профил на фејсбук.

- Со овој ребаланс се врши зголемување на буџетот за цели 47.000.000 денари исклучиво наменети за реализација на проекти во сите населени места низ општина Гази Баба.

Со ребалансот на буџетот обезбедуваме финансиски средства за:
Изградба на нова детска градинка во Трубарево;
Изградба на нов паркинг на ул. „Габреш“, Автокоманда;
Изградба на атмосферска канализација на ул. „Јордан Поп Јорданов“, Маџари;
Комплетна реконструкција на ул. „Модест Мусоргски“, Триангла;
Изградба на нов голем зелен парк и спортски комплекс на местото на старото ООУ Вера Јоциќ, Хиподром;
Изградба на ограда на ООУ Наум Охридски, Раштак;
Изградба на филтер станица во Булачани;
Изградба на нови спортски терени;
Изградба на нови детски забавни катчиња;
Изградба на нови фитнес зони на отворено;
Изградба на пешачки патеки, паркинзи, скверови и улици со павер елементи;

Дополнително со ребалансот на буџетот обезбедуваме финансиски средства со кои за прв пат, општина Гази Баба ќе доделува стипендии за ученици со посебни образовни потреби и ќе врши стоматолошка едукација на учениците од училиштата. Обезбедуваме и финансиски средства за оддржување на манифестација Мото - фест, која планираме да се оддржи кон крајот на септември и истата ќе ги собере сите љубители на мото културата од Скопје и цела Македонија на плоштадот во Автокоманда. Општина Гази Баба храбро чекори по патот на напредокот и развојот, напиша Стефковски.