Новогодишно издание на „Преспав“ во петок вечер, Јелена од Драчево е главна!

Легендарните „Преспавци“ ќе ве забавуваат и на новогодишната ноќ.

Епизодата „Преспав мјузик хол“ е закажана за 31. декември во 21 часот на МРТ1, веќе е објавен и трејлерот. Станува збор за песната српската пејачка Теа Таировиќ во изведба на Јелена од Драчево, улога која ја глуми познатата наша актерка Јелена Јованова. 

-Слушнете го најголемиот новогодишен хит и подгответе се за најлудата ноќ. Ајде, ајде дур сме млади! Ноќва нека гори Балкан!, се вели во објавата на „Преспавци“.