Ново истражување: Долгото седење го зголемува ризикот од развој на деменција

Кога размислувате за деменција, веројатно замислувате когнитивна болест која станува поверојатна колку што стареете - особено ако имате семејна историја. 

Photo by CDC on Unsplash

Но, дали знаевте дека има работи што ги правите - можеби дури и токму во овој момент - што би можеле да ги зголемат вашите шанси за сериозно губење на меморијата? 

Според една нова студија финансирана од Националниот институт за здравје, постои врска помеѓу седентарен начин на живот и деменција – Долгото седење повеќе од 10 часа на ден може значително да ја зголеми веројатноста за развој на болеста подоцна во животот.

Сега, знаеме што мислите: 10 часа се долго време за седење - но ако навистина размислите за тоа, земајќи го предвид времето што го поминувате на столче во канцеларија, на каучот дома, во автомобилот, или во рестораните каде што јадете, тоа и навистина не е толку многу. 

Но, тука се поставува важното прашање: Што можете да направите ако долго седите,  за да ги спречите овие когнитивни здравствени ефекти?

Ризикот од долго седење и неговиот ефект на нашиот мозок

Некогаш, децата и возрасните работеа различни работи и имаа различни активности и се  движеа по 10 часа на ден. Причината? Работа, слободно време, создавање заедница и едноставно забава. 

Во денешно време, благодарение на технологијата, можно е да се забавувате без да го напуштите својот дом. Но, колку и да е прекрасна технологијата, таа некогаш е меч со две острици. Вистината е дека ако останете неподвижни со часови - без разлика дали тоа е поради работата, следење на вашите омилени емисии или едноставно излежување - може ненамерно да му наштетите на вашето здравје по патот.

Според д-р Бредесен, долгото седење може да доведе до негативни здравствени ефекти како лош и нефункционален метаболизам и, како што претходно покажавме, деменција. Иако овие состојби се сосема различни, овие негативни страни всушност одат рака под рака, бидејќи сите тие се сведуваат на енергија и воспаленија во телот, вели д-р Бредесен.

„Најчестата форма на деменција е Алцхајмеровата болест, а истражувањата покажуваат дека ова во голема мера таа е поттикната од два фактори“, објаснува тој. Тоа се енергетиката (оксигенација, протокот на крв, митохондријалната функција и нивото на кетон) и воспалението (што се зголемува со патогени, токсини, протекување на цревата, загадување на воздухот, лоша дентиција итн.), според д-р Бредесен. „Седентарен начин на живот ја намалува енергетската поддршка за мозокот и често е поврзан со лошата исхрана, како и со седењето на каучот и јадењето чипс, на пример - што го зголемува воспалението“, вели тој.

Како да си помогнеме?

Наполнете ја чинијата со храна богата со хранливи материи

Photo by Ella Olsson on Unsplash

„Јадете храна богата со растенија, зеленчук и овошје“, вели д-р Бредесен. Давањето приоритет на храна богата со хранливи материи, може да помогне во зајакнувањето на метаболизмот и варењето, да се спречат воспаленијата и да се поттикне подобро здравје во целина.

Раздвижете го вашето тело

Photo by Jenny Hill on Unsplash

Бредесен ја нагласува важноста на дневното вежбање од 45 до 60 минути, вклучувајќи и аеробични и вежби за сила. Сепак, тоа не значи дека треба ригорозно да го движите вашето тело. Бредесен вели дека физичката активност е различна за секој од нас поради различниот начин на живот, но таа е неопходна за намалување на ризико од деменција. Само откријте го она што ви одговара и применувајте го често без оглед на годишното време.

Не заборавајте на добриот сон

Photo by bruce mars on Unsplash

Колку и да се важни движењето и исхраната, квалитетниот сон има најголемо влијание врз нашето целокупно здравје. Поради ова, д-р Бредесен препорачува најмалку седум до осум часа висококвалитетен сон навечер. Поточно, тој вели дека треба да се стремите кон најмалку „еден час длабок сон и најмалку 1,5 часа РЕМ сон“.