Новинарката Цветковска со став: Македонијо ме гушиш… многу!

Новинарката Теодора Цветковска со став на најактуелната тема деновиве - лебот!

-Лебот е основно јадење на Балканот. И тоа не дека многу го сакаме вкусот, туку сме сиромашни луѓе па со прженици, мачкање маргарини се прехрануваме.

Тоа што сега некои луѓе седат гладни не верувам дека им паѓа тешко на профитерине чии деца сигурно се најдени, облечени па некои од нив сигурно живеат и во странство во поголема комоција.

На овој народот му недостига солидарност, грижа за послабиот, секирање за другиот двор, но, не кога станува збор за трачарење туку вистинска грижа за тоа дали твојот сосед живее добро и е среќен.

Македонијо ме гушиш… многу, порача таа во својата фејсбук објава.